Конкурс за доделување на стипендии за последипломски студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија – Охрид за академската 2017/2018 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16) и член 3-а од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13, 98/13, 70/14, 88/14, 74/15, 140/15 и 178/15),Mинистерството за образование и наука распишува

КОНКУРС
за доделување на стипендии за последипломски студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија – Охрид за академската 2017/2018 година

1. Министерството за образование и наука за студиската 2017/2018 година ќе додели 30 (триесет) стипендии за последипломските студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија – Охрид и тоа:

 Креативна продукција – 5 стипендии
 Сценарио и драматургија – 5 стипендии
 Филм, телевизија, и фотографија – Тон – 5 стипендии
 Филм, телевизија, и фотографија – Монтажа – 5 стипендии
 Режија – 5 стипендии
 Кинематографија – 5 стипендии

I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:
1. да е запишан на студии од втор циклус на ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија – Охрид првпат во прва година
2. да има завршено академски студии од прв циклус во траење од три, односно четири години;
3. да не е корисник на друга стипендија и
4. да има активно познавање на англиски јазик, за што е потребно да достави сертификат.

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Кандидатите, кои се пријавиле по конкурсот, потребно е да ги достават следните документи:
• Пријава
•Диплома за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех (заверени на нотар);
• Потврда дека кандидатот е примен првпат во прва година на студии од втор циклус во академската 2017/2018 година на ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија – Охрид и катедрата на која е примен
• Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за последипломски студии од втор циклус од други даватели (заверена на нотар);
• Потврда за познавање на англиски јазик,

Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

Потребните документи за доделување на стипендиите за академските студии од втор циклус може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

Кандидатите од странство кои се пријавиле на Конкурсот и ги доставиле сите потребни документи на англиски јазик имаат право во рок од еден месец од пристанувањето во Република Македонија да ги достават преводите на македонски јазик на овие документи до Министерството за образование и наука.

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
На корисникот на стипендијата ќе му бидат покриени трошоците за студирање во согласност со член 3-а став 2 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13, 98/13, 70/14, 88/14, 74/15, 140/15 и 178/15).

Годишната стипендија (уписнина) изнесува 9000 евра во денарска противвредност. Министерството за образование и наука ќе ги исплати средствата за уписнина на високообразовната установа за првата година од студиите, а уплатата на уписнината ќе продолжи во наредните години доколку корисникот ги исполнил обврските од првата, односно втората година утврдени во статутот на високообразовната установа, за што треба да достави доказ до Министерството.

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Рок за доставување на документите до Министерството за образование и наука: 30.09.2017 година.

Согласно член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16) Министерството е должно да одлучи во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето за стипендија.

Документите да се достават на адреса или во писарницата на:

Министерството за образование и наука
ул. „Св. Кирил и Методиј” бр. 54
(Зграда на Нова Македонија)
1000 Скопје
(со назнака стипендии за студии од втор циклус на ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија – Охрид)
Основен критериум за добивање на стипендијата е пријавата за студирање на кандидатот да биде прифатена од ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија – Охрид.

Некомплетните документи и документите доставени по крајниот рок нема да се разгледуваат.

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука.

Контакт лица:

Дарко Томовски +389 2 3140 183, e-mail: darko.tomovski@mon.gov.mk
Анастасија Трајковска e-mail:anastasija.trajkovska@mon.gov.mk