Прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека денес поради изведување работи на пат (минирање) од страна на ГП Илинден, на патниот правец А2 Кичево – Охрид после планински превој Пресека (кај с.Врбјани) сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути помеѓу 12.30 и 15.30 часот.