Едукативно предавање „Реонскиот полицаец ве советува“ во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти

Денес во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти во соработка со Отсек за превенција и ПСВ при СВР Охрид, на учениците од четврто оддеделение им беше одржано едукативно предавање на тема: „Реонскиот полицаец ве советува“.

Целта на едукативното предавање беше да се подигне свеста на учениците за нивната лична одговорност за безбедноста, при што беа истакнати точките и беа застапени темите: во делот на сообракајот, јавниот ред и мир, криминалитетот.

WebOhrid