Кривична пријава за жител од Лабуништа кај кого било пронајдено нелегално оружје

ПС Струга поднесе кривична пријава против А.Ш. (25) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 23.12.2016 година извршен е претрес во дом и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени 17 парчиња муниција различен калибар: два куршуми со калибар 9 мм од чешко производство, еден куршум со калибар 9 мм од германско производство и 14 куршуми со калибар 7,62 мм од кинеско производство. Пронајдената муниција е наменета за испалување од огнено оружје – полуавтоматски пиштол и од автоматско огнено оружје.