Второ место и награди за учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на CodeCUP 2017

На 11.03.2017 година во Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, се одржа вториот CodeCUP 2017 натпревар, на кој учествуваа учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. Со свои проекти се претставија учениците: Александар Дукадиноски, Филип Јосифоски, Шиме Тадиќ, Стефан Трајаноски, Бојан Трајкоски и Михаил Ангелески, под менторство на професорките Јулијана Петреска и Сања Јованоска.

За успешно завршените проекти се доделени следните награди:

• Таблети на првонаградениот тим и нивниот ментор;
• Android TV BOX на второнаградениот тим и нивниот ментор;
• Ранец и маус за третонаградените тимови и нивните ментори.

1. Првонаграден проект „Игра собирање на пехари“ за тимот од СОУ „Нико Нестор“ – Струга (Лирим Бектеши – ментор, тим: Махир Мерсимоски и Амир Ајдиноски);

2. Второнаграден проект „Апликација рент а кар“ за тимот од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид (Јулијана Петреска – ментор, тим: Александар Дукадиноски и Филип Јосифоски);

3. Третонаграден проект „Платформа за споделување и уредување слики и 3D проекти“ за тимот од СОУ гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп (Анкица Стеваноска Јанческа – ментор, тим: Димитар Милески);

3. Третонаграден проект „Смарт кеш“ за тимот од СОУ гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола (Мирјана Соклевска – ментор, тим: Бошко Колоски и Милан Петровски).

• ослободување од партиципација за првата година студирање за тимовите од 1-3 место;
• сертификати за успешно учество на сите учесници.