Зголемен бројот на туристи во јануари

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2017 година изнесува 43 220, а бројот на ноќевањата изнесува 87 894.

Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 13.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11.7%.

Бројот на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 10.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 15.5%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 8.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 15.2%.

Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 2.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 15.7%, а кај странските има намалување за 5.1%.

Бројот на ноќевањата во јануари 2017 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 8.4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 24.3%, а кај странските има намалување за 2.8%.