На најголемата саемска манифестација за туризам во Москва, Руска Федерација,“Mitt” и оваа година се промовираат туристичките дестинации на нашата земја,во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ).
Оваа година поголемо внимание е дадено на промотивните активности во делот на религиозниот, културниот и винскиот туризам, како продукти со најголем интерес од страна на руските туристи.
Македонскиот штанд кој ги отсликува атрактивните туристички производи на нашата земја, го посетуваат новинари и тур оператори чии фокус е на балканските туристички тури. Новинарскиот Сојуз на Русија оствари средба со претставници на АППТ, кои на наша покана би ја посетиле Македонија со цел изработка на промотивни материјали за медиумите во Русија.
АППТ оствари средби и со значајни руски тур оператори, како: Anex Tour, PAKS,PEGAS и Natalie Tours, кои што покрај останатите балкански дестинации покажаа интерес за вклучување на Македонија во нивните туристички тури.
Зазголемување на интересот на туристи од рускиот пазар, АППТРМ во 2016 година реализираше и медиумски активности кои ќе продолжат и овој период.
Саемот за туризам во Москва, Руска Федерација (Mitt, 14-16 Март 2017 година) има седум изложбени сали, своите туристички дестинации ги претставуваат повеќе од 1.600 компании, странски тур оператори, асоцијации, медиуми и различни чинители во туризмот, со повеќе од 27,659 посетители.