ОУТУ„Ванчо Питошески” дел од хуманитарната кампања „Едно капаче-една надеж”

ОУТУ„Ванчо Питошески”-Охрид се вклучува во хуманитарно- еколошката акција за собирање пластични капачиња „Едно капаче-една надеж”, започната од Македонската медицинска студентска асоцијација-ММСА.

Собраните капачиња се испраќаат во Турција каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка  која ќе се донира на семејство кое има потреба од таква количка, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди.

Целта е учениците да ја покажат својата хуманост и да се вклучат во акцијата.