Јавен повик од МОН

Врз основа на член 67 Закон за средно образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016 и 127/2016) и член 85 Закон за основно образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016 и 127/16), Министерство за Образование и Наука – Педагошка служба ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54-Скопје, објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за прибирање на барања од заинтересирани правни лица кои ќе ангажираат лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција за спроведување на процена на карактеристиките за подобност за работа со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност на наставници-приправници во основните и средните училишта во Република Македонија

Предмет на јавниот повик:

1) Доставување на барање од заинтересирани правни лица кои ќе ангажираат лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција за спроведување на проценка на карактеристиките за подобност за работа со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност (во натамошниот текст: процена на карактеристиките) на наставници-приправници од основните и средните училишта за наредните три (3) сесии (пролетна и есенска сесија 2017 година и пролетна сесија 2018 година)

2) Барање може да поднесе правно лице кое ќе ангажира лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција.

Давател на правото:

Министерството за Образование и Наука – Педагошка служба, со седиште на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје

Барател:

• За спроведување на психолошка проценка на карактеристиките за подобност за работа со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност за наставници-приправници во основните и средните училишта во гореспоменатите сесии, може да учествува правно лице кое ќе ангажира лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција што ќе ги исполни следните услови:

• да поседува онлајн апликација за спроведување на процена на психолошки тест.

• да ангажира најмалку 1 (едно) лице со звање психометричар, со наведено искуство во реализирање на психолошки тестирања и да поседува посебна лиценца за образование издадена од независна акредитирана професионална институција.

• да ангажира минимум 3 лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција.

• да обезбеди простории каде што ќе се врши тестирањето во Скопје, Битола и Штип (тестирањето не смее да се спроведува во државна институција)

• да поседува адаптиран и стандардизиран психолошки тест за проценка на карактеристиките на личноста, што ќе биде преведен на 4 јазици и тоа на македонски, албански, турски и српски.

(Тестот што ќе се користи треба да биде меѓународно признат како психолошки тест, базиран на петтофакторски модел на личност, адаптиран и стандардизиран за користење во Република Македонија. Тестот што ќе се користи ќе овозможи проценка на карактеристиките за подобност за работа со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност)

• да поседува резултати (во наративна форма, преку табеларни и графички прикази) со образложени спецификации во „спецификација на тестот“ од спроведено пилот-истражување што ќе ги докаже метриските карактеристики на стандардизираниот тест, што ќе се користи за проценка на карактеристиките за подобност за работа со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност. Пилот-истражувањето да е спроведено во последните две години.

• да обезбеди заштита и тајност на податоците за тестираните кандидати во законски пропишан временски рок

Кон барањето правното лице задолжително приложува:

• Изјава дека поседува онлајн апликација за спроведување психолошки тест што ќе биде хостирана во систем сала на Економскиот оператор и кој за целото времетраење на договорот ќе ги почитува меѓународните стандарди за информациска безбедност (ISO 27001), што подразбира безбедност на сите информации, информациски системи и информациски средства вклучувајќи објекти, податоци, софтвер, печатени документи и сл.

• Изјава и валиден документ од релевантна институција, одноcно:

а) Изјава дека економскиот оператор ќе ангажира најмалку 1 (едно) лице психометричар (со наведување на име и презиме на лицето како и потесното подрачје на професионално делување) со докажано искуство во реализирање на психолошки тестирања. Економскиот оператор во изјавата да приложи листа на употребени психолошки тестови (најмалку пет) од страна на психометричарот (со наведување на целите на примената и местото каде се употребени: научни списанија, трудови и друго). Покрај изјавата, потребно е да се достават CV-и за ангажирано стручно лице (психометричар), како и да се приложи Договор за соработка со ангажираното лице (психометричар) во кои покрај останатото ќе постои клаузула дека за време траењето на проектот ангажираното лице (психометричар) ќе биде постојано на располагање на јавниот повик.

б) Валиден документ од релевантен орган од високо образовна институција со што се потврдува звањето психометричар на лицето кое ќе биде ангажирано.

в) Валиден документ од релевантна институција задолжена за давање не лиценци со што се потврдува посебната лиценца за вршење на дејност на лицето кое ќе биде ангажирано како психометричар.

• Eкономскиот оператор, условот за ангажирање минимум 3 лиценцирани стручни лица (психолози) од независна акредитирана професионална институција го докажува со доставување на:

а) Изјава дека економскиот оператор ќе ангажира 3 стручни лица (психолози) со искуство во задавање на психолошки тестови (да се наведе име и презиме на лицата како и потесното подрачје на професионално делување).

б) Економскиот оператор да приложи валиден документ со кој ќе докаже поседување на посебна лиценца за секое ангажирано стручно лице (психолози) од независна акредитирана професионална институција (нотаризирана). Покрај изјавата потребно е да се достават CV-и за секое ангажирано стручно лице -психолог

• Изјава дека може да обезбеди простории во кои ќе се врши тестирањето во Скопје, Битола и Штип.
• Во однос на стандардизираниот психолошки тест економскиот оператор треба да достави:

а) Копија од стандардизиран психолошки тест за мерење на карактеристиките на личноста кој ќе биде преведен на 4 јазици и тоа на македонски, албански, турски и српски. (Да се достави по една копија од стандардизиран психолошки тест за мерење на карактеристиките на личноста на сите четири јазици).

б) Да достави стручна анализа од спроведеното пилот-истражување на целната популација за која се однесува психолошкото тестирање. Стручната анализа треба да содржи релевантни податоци за метриските карактеристики на психолошкиот тест, опис на примерок на кој е спроведено пилот-истражувањето, профил на наставници со различно ниво на подобност за работа со деца и адолесценти.

• Изјава за заштита и тајност на податоците за тестираните на кандидати во процесот на процена на карактеристиките
• Понуда за надомест што ќе го уплати кандидатот за извршената услуга

• Потврда од надлежен суд дека не е отворена постапка за стечај. Потврдата да не е постара од шест месеци од денот на издавањето и да се достави во оригинал или копија заверена кај нотар, и

• Потврда од Централен Регистар на Република Македонија, дека не е поведена постапка за ликвидација. Потврдата да не е постара од шест месеци од денот на издавањето и да се достави во оригинал или копија заверена кај нотар.

Спецификација на тестот

а) Примена на психолошки тест/ови на личност кои се базирани на меѓународно прифатениот пет-факторскиот модел (Five Factor) за карактеристики и особини на личноста. Тестовите треба да можат да бидат администрирани компјутерски или на хартија.

б) Психолошкиoт тест на личност што се приложува треба претходно да ги има исполнето следните услови :

• Тестот треба да биде веќе преведен на целниот јазик/ци користејќи пристап на едноставно или на вратено преведување;
• Треба да биде проверена културалната прилагоденост

• Треба да биде спроведено пилот-истражување последните две години на прелиминарната верзија на адаптираниот тест (на целните јазици: македонски и албански). Постапката за пилот-истражувањето и стандардизацијата на психолошките тестови треба да ја спроведе стручно лице (исклучиво лице со звање психометричар со повеќе годишно искуство во работа со психолошки тестови). Пилот- истражувањето треба да биде спроведено на целната популација за која се спроведува психолошкото тестирање, односно примерокот треба да го сочинуваат исклучиво наставници од основни и средни училишта како и стручни соработници. Примерокот треба да го застапува јазичната припадност на целната популација.

• Треба да бидат проверени психометриските карактеристики на адаптираниот тест (релијабилноста, објективноста итн)

в) Со психолошкиот тест ќе се проверат особините на личноста потребни во успешното работење во воспитно – образовниот процес (како што се сферата на социјалната компетентност, оптимизмот, вклучителноста во социјалните текови, кооперативноста; сферата на емоционалност и емотивната зрелост и контрола, одговорноста, емпатијата и др.

г) Психолошкиот тест треба да биде обезбеден на четири јазици и тоа македонски, албански, турски и српски јазик.

д) Можност за приказ на дополнителни тестови кои би служеле за поткрепување, дополнување или објаснување на наодите од Психолошкиот тест (базиран на пет факторскиот модел на личноста).

ѓ) Изготвување на извештај за карактеристиките за личност, особено јаките /слабите страни на кандидатите. Извештајот треба да содржи крајна проценка на карактеристиките кои зборуваат за подобност/неподобност на кандидатите за работа со деца и адолесценти во воспитно-образовниот процес.

е) Извештајот треба да биде доставен до Министерството за образование и наука – Педагошка служба, во рок од 10 работни дена од денот на спроведувањето на тестирањето.

ж) Сите мислења се доверливи. Пополнетите тестови остануваат во сопственост на економскиот оператор. Министерството за образование и наука – Педагошка служба ќе добие само проценка за подобноста на личноста за работа со деца и адолесценти.

з) Операторот треба да достави финансиска понуда за услугата за спроведување на психолошко тестирање за карактеристиките на личноста (цена на секој тест поединечно), во која поединечна цена треба да е вклучено и изготвувањето на поединечниот извештај.

Економскиот оператор ќе го спроведува тестирањето по претходно добиен налог од страна на Министерството за образование и наука како и изготвување на поединечен извештај за извршеното тестирање.
Финансискиот надоместок за услугите на економскиот оператор е на товар на крајниот корисник во износ кој го има одредено Министерот.

Рок и начин на доставување на барањето:

Рокот за поднесување на барањата за спроведување на проценка на карактеристиките за наставници-приправници во основните и средните училишта пријавени во горенаведените сесии од заинтересираните правни лица кои ќе ангажираат лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција, изнесува 5 дена, сметано од денот на објавувањето на јавниот повик.

Барањата кои ќе пристигнат по рокот за доставување ќе се сметаат како ненавремени и нема да бидат разгледувани.

Барањата кон кои не е приложена целокупната потребна документација согласно јавниот повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.

Барањата треба да бидат доставени во затворено плико и можат да се достават преку пошта на адреса: Министерството за образование и наука – Педагошка Служба ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54 1000 Скопје или да се предадат во архивата на Министерството за образование и наука (најдоцна до 16,00 часот, секој работен ден) со назнака за „Јавен повик за прибирање на барања од заинтересирани правни лица кои ќе ангажираат лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција за спроведување на проценка на карактеристиките за подобност за работа со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност на наставници – приправници во основните и средните училишта во Република Македонија “.

Критериуми во избор за давање на право:

Министерството за образование и наука, преку овластена Комисија формирана од страна на Министерот, од пристигнатите барања кои ги исполнуваат условите и начинот на доставување на барањето предвидени во овој Јавен повик ќе изврши рангирање на барањата.

Во случај да се достават две или повеќе барања кои ги исполнуваат предвидените услови во овој Јавен повик за спроведување на проценка на карактеристиките за горенаведените сесии за наставници-приправници, предност ќе има правно лице кое ќе ангажира лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција кое ќе достави барање со најниска цена.