Непознат сторител украл оружје од автомобил во струшко Биџево

Во периодот од 18.00 часот на 14.03.2017 година до 15.00 часот на 15.03.2017 година во с.Биџево, струшко, од багажник во ПМВ „Опел Астра“ со струшки регистарски ознаки, која била паркирана во гаражата сопственост на Е. М. (66), од страна на непознат сторител одземени се пет пиштоли и еден револвер, кои биле ставени во торба.

Оружјето, возилото и куќата се сопственост на Е.М., кој пред седум дена заминал во Швајцарија. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од НК КР Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.