ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти свечено ќе го одбележи патрониот празник

Со свечена прослава, во понеделник (20-ти март) во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид, ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, ќе го одбележи патрониот празник на училиштето.

На свеченоста, свој настап ќе имаат училишниот хор, учениците од погорните одделенија, најмалите ученици со свои музички точки, изведба на драмата „Госпоѓа министерка“, а ќе биде отворена и ликовна изложба.

Директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски, на најуспешните ученици ќе им додели награди, како и благодарнци на заслужните субјекти.

ОУ „Живко Чинго“ годинава одбележува 141 година од своето постоење. Во минатото, а и сега, учениците од ова училиште постигнуваат одлични резултати во нивното школување, а од ова училиште произлегле и многу успешни граѓани во Република Македонија.

WebOhrid