Вчера околу 15:40 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, случена е сообраќајна незгода помеѓу ТМВ „Фиат Фиорино“ со охридски регистерски ознаки управувано од М.Н. (42) од с.Шипокно-охридско и велосипед управуван од Б.И. (52) од нас. Св.Стефан.
Во незгодата Б.И се здобил со тешки телесни повреди (внатрешно крварење во главата), каде по укажаната лекарска помош во ОБ-Охрид, поради сериозноста на повредите истиот бил пренесен во Клинички Центар – Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.