Груевски: Нови избори се вистинско решение за излез од кризата

Ние понудивме две решенија, прво брзи парламентарни избори заедно со локалните избори и нема да се потрошат и други пари, бидејќи тие избори и онака треба да се одржат на секој четири години вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„На една од анкетите кои што ги направивме над 70.000 граѓани кои се со македонска националност ценат дека треба да се оди на други предвремени избори, а само 12 проценти се искажале дека не сакаат нови избори, тоа значи и дека многу од луѓето кои го поддржуваат СДСМ се за предвремени избори. Па таму Зоран Заев нека ја претстави својата платформа, нека ја претстави бинационалноста и сите работи што доаѓаат по неа, како што се бинационализација, и сл. Тој нека излезе пред граѓаните и ако тие му дадат поддршка во ред, затоа велам излез од кризата се предвремени парламентарни избори“, порача Груевски.