Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2015/2016 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185 119 што претставува намалување за 1.7% во однос на претходната учебна година.
Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2015/2016 година изнесува 77 625 што претставува намалување за 5.1% во однос на претходната учебна година.