РК Охрид убедлив против РК Пролет

Во рамките од 17-то (претпоследно) коло од ВИП машката ракометна Супер лига, РК Охрид на домашен терен во Спортската сала „Билјанини Извори“ убедливо со 34-22 го совлада тимот на РК Пролет.

Охридските ракометари работата ја завршија уште во првото полувреме кое го добија со резултат 21-10. Во второто полувреме остана само рутински да го доиграат натпреварот и да го добијат со конечни 34-22.

РК Охрид и понатаму останува на врвот од табелата со 40 бодови исто колку што има и тимот на РК Пелистер.

Следниот натпревар РК Охрид ќе го игра во гости, против РК Радовиш.

WebOhrid