Изгоре куќа во струшко Делогожда

Вчера околу 13:00 часот во с.Делогожда, струшко, настанал пожар во куќа сопственост на Н.Д.. Увидна екипа од НК КР Струга извршила увид, при што е констатирано дека пожарот настанал во просторијата за дневен престој по што се проширил и во останатите простори од домот, во кои целосно се изгорени покуќнината, мебелот и техничките апарати.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.