Светски ден на лицата со Даунов синдром

Дауновиот синдром отсекогаш бил дел од човечката состојба, постои во сите региони во светот и најчесто резултира со променливи ефекти на стиловите на учење, физичките карактеристики или здравјето на луѓето.

Соодветниот пристап до здравствена заштита, до програмите за рана интервенција и со инклузивното образование, како и соодветните истражувања, се од витално значење за растот и развојот на поединецот.

Во декември 2011 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 21-ти март како Светски ден на лицата со Даунов синдром (A/RES/66/149). Генералното собрание ги повикува сите земји-членки, релевантните организации во системот на Обединетите нации и други меѓународни организации, како и граѓанското општество, вклучувајќи ги и невладините организации и приватниот сектор, да го набљудуваат Дауновиот синдром на соодветен начин, со цел да се подигне јавната свест за Дауновиот синдром.

WebOhrid