Вработен во Агенција за обезбедување во Кичево пронајден мртов

Синоќа околу 23:00 часот во с.Добреноец, кичевско, во близина на м.в.„Рибарница“ во барака пронајден е починат Л.Г. (57) од Кичево, вработен во Агенција за обезбедување.

Смртта е констатирана од страна на доктор од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа на ПС Кичево. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е прадено за обдукција.