Работна средба: Ибрахими – Ли Роси

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими оствари работна средба со претставници на УНХЦР и тоа со: Ангела Ли Роси, Заменик директор на Регионалото Бирото за Европа при Главната канцеларија на УНХЦР, Анне-Кристине Ериксон, Регионален Претставник на УНХЦР со седиште во Сарајево, Јун Ширато, Постар правен службеник при Главната Канцеларија на УНХЦР и Мохамед Ариф претставник на канцеларијата на УНХЦР во Скопје.

На состанокот беше разговарано за моменталната состојба со мигрантската криза, активностите кои Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНХЦР ги реализираше во рамки на двата прифатно транзитни центри во Гевгелија и Табановце како и за активностите во рамки на Прифатниот центар за баратели на азил.

Меѓу останатото на состанокот беше разговарано и за идните заеднички активности насочени кон затварање на прашањето со бегалците од Косово преку нудење на соодветни пакети за нивно доброволно враќање во Косово или останување во државата и целосна нивна интеграција согласно дефинираните мерки во Стратегијата за интеграција на бегалци и странци.