Кривична пријава за жител од струшко Франгово поради неизвршување судска одлука

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неизвршување судска одлука“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против M.M. (27) од струшкото село Франгово.

Пријавениот, подолг временски период ја следел оштетената Д.Ц. (23) од Охрид, со телефонски јавувања но и со СМС пораки и упатувал сериозни закани со што и предизвикал чувство на страв и вознемиреност. Тоа го правел иако со судско решение издадено од Основниот суд во Охрид во декември минатата година, му било забрането на било каков начин да контактира со оштетената, да ја следи, да и се приближува на растојание помало од 100 метри, имал забрана да и се заканува и присилува, да ја вознемирува, да ја уценува и да ја следи, физички да ја напаѓа како и забрана да се приближува до работното место и до нејзиниот дом.

Игнорирајќи ја забраната, пријавениот М.М. свесно продолжил, од неговиот мобилен телефон да и се јавува на оштетената и да и праќа СМС пораки, продолжил со навреди и закани по нејзината сигурност и постојано ја следел, со што и предизвикал чувство на силен страв и вознемиреност.