Непознати лица краделе дрва со моторна пила и два коњи во близина на изворот Свети Наум

Вчера околу 17:00 часот, во близина на изворот Свети Наум кај м.в. „Војтино“, од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН „Св.Наум“ и Шумска Полиција биле забележани две непознати лица кои вршат кривично дело „кражба на дрва“ со моторна пила и два коњи за товарање на дрвата.

Едно од лицата е фатено и лишено од слобода, додека другото лице се дало во бегство. Моторната пила, коњите и околу два кубни метри дрва се обезбедени и фотографирани од страна на Крим-техника од СВР Охрид. Истите ќе бидат подигнати од страна на НП „Галичица“. Од извршените проверки било констатирано дека приведеното лице е Х.К. (49) од с. Аларуп – Поградец, Р.Албанија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.