Донирана интерактивна табла во ОУ „Братство-Единство“

Денес во ОУ „Братство Единство“ од Охрид беше донирана интерактивна табла од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

ОУ „Братство Единство е едно од модел училиштата за МИО вклучени во Проектот. Токму поради покажаните резултати во насока на унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието, како и позитивните практики на долгорочни заеднички активности, училиштето го доби ова признание. Признанијата од ваков тип само дополнително ја поттикнуваат мисијата на училиштето да продолжи со негување на овие практики, кои полека но сигурно, стануваат типичен сегмент од нашето секојдневие.

WebOhrid