Деновиве ЈП „Градски гробишта“ извршуваше работни активности на неколку локации во градот. Во Стариот дел на градот, на улица „Григор Прличев“, беше извршена санација на потпорен ѕид од камен во должина од 5,4 метри и висина од 1,5 метри.
Во населбата Охридати се изврши поплочување со бехатон плочки на површина од околу 150 метри квадратни, а во кругот на градските гробишта се изврши ископ на канали со цел заштита поплави.