Голем успех на основците од „Св. Наум Охридски ”- Пештани на Регионалниот натпревар по математика

Денес на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа XXXV Регионален натпревар по математика за учениците од основното образование во учебната 2016/2017год. на кој учествуваа ученици од IV до IX одделение од основните училишта од општините Охрид и Дебрца.

На овој натпревар учениците при ОУ „Св.Наум Охридски” – Пештани постигнаа голем успех. На Регионалниот натпревар по математика учествуваа тројца ученици од четврто одделение и тоа Евгенија Палоска, Бојан Палоски и Андреј Мешкоски кои под менторство на наставничката Марина Шурбановска, сите тројца освоија второ место во својата категорија. Ученичката Глорија Крстеска ученичка во пето одделение под менторство на наставничката Татјана Јанеска беше пофалена, ученикот Наум Палоски од седмо одделение и ученичката Викторија Лазеска од девето одделение под менторство на наставничката Василика Стојан исто така беа пофалени.

автор
Марина Шурбановска