Во ОУ „Братство Единство“ ќе се реализира завршна активност од проектот „Ноќ со Ханс Кристијан Андерсен“

Вечерва во ОУ„Братство Единство“ ќе се реализира завршната активност од проектот „Ноќ со Ханс Кристијан Андерсен“, која ќе биде реализирана преку низа воспитно-образовни, креативни, забавни и интересни активности.

Програмата опфака забавна приредба со учество на ученици од трите наставни јазици, маскенбал, игри без граници и главната и завршна активност Читање бајки за добра ноќ и заедничко преноќување на дечињата и нивните наставници во училишните простории. Во подготовката се вклучени родителите, наставници од одделенска настава, педагошко психолошката служба, техничкиот персонал како и Црвен Крст – Охрид кои обезбедија услови за реализација на оваа активност.

Проектот се реализира во текот на целата учебна година преку разни активности. Кординатори на настанот: Муамер Доко, Јулиана Алексиоска, Наташа Илоска – дефектолог, проф. Фахрије Реџеп, Ангела Јорданоска и Мирјана Карамешиноска.