Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од ноќеска по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,35%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво утврдени со Одлуката од 20.03.2017 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,00 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 67,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 20.03.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,319 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 20.03.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 25,636 ден/кг.