TAV i Wizz Air ќе ја промовираат новата линија Будимпешта – Скопје

ТАВ Македонија и „Виз ер“ во среда (5-ти април) ќе ја промовираат новата линија Будимпешта – Скопје.

Настанот ќе се одржи со почеток во 11:45 часот, на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и Дукс Ласло Иштван, Амбасадор на Унгарија во Република Македонија.