Во среда акција за подигнување кабаст отпад во Коњско и Елшани

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.04.2017 год.(среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. Елшани и с. Коњско.

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.