Ќе се служи света литургија по повод празникот Благовештение на Пресвета Богородица

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 7ми април (петок), во катедралната црква „Св. Софија“ – Охрид, со почеток во  08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Благовештение на Пресвета Богородица“, на светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.