Кривична пријава за две лица од Кичево кои истепале сограѓанин

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „учество во тепачка“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против И.П. (41) и К.П. (34), двајцата од Кичево.

Пријавените, на четврти минатиот месец најнапред вербално, а потоа и физички го нападнале А.С. (51) од Кичево. Настанот се случил околу 15 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево. Откако го пресретнале во близина на неговиот дом, двајцата пријавени најпрвин започнале вербална расправија со А.С., а потоа физички го нападнале со тупаници задавајќи му повеќе удари по целото тело. Физичкиот напад од улицата продолжил и во дворно место од куќата на оштетениот.

Со здобиени телесни повреди, А.С. бил пренесен во Општата болница во Кичево, а потоа и во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.