Во понеделник ќе се одржи фудбалски натпревар помеѓу стари и млади во Велгошти

По повод најголемиот христијански празник Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти и Унијата на млади сили од Велгошти организираат фудбалски натпревар помеѓу стари и млади.

После фудбалскиот натпревар, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти за сите присутни обезбеди богат коктел.

Натпреварот започнува во 10:00 часот во понеделник, 17.04.2017 (Втор ден Велигден) во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти.

WebOhrid