Градоначалникот Бакрачески радосната вест за Христовото Воскресение ја дочека во црквата Каменско

Градоначалникот Бакрачески, синоќа, заедно со бројни верници радосната вест за Христовото Воскресение ја дочека во црквата Св. Богородица – Каменско. Градоначалникот Бакрачески посака празникот Велигден да ги исполни со верба сите верници и благослов сите верници да ги води по правичниот пат.

Градоначалникот заедно со бројните верници од земјава и странство во црквата Св. Богородица – Каменско, ги проследија сите верски обичаи кои се однесуваат на големиот христијански празник.