Отслужена света архиерејска Литургија во црквата Св. вмч. Ѓорѓи во Струга

Денес, во Понеделник од Светла седмица – Втор ден Велигден, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Темелко Донески, свештениците Васко Голабоски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот струшки народ со пригодна беседа.