Самостојно шоу на Сашко Коцев во Охрид

Еден од најдобрите стендап комичари и актери Сашко Коцев за прв пат со свое самостојно шоу „Детоксикација“ во Охрид.

Шоуто ќе се одржи во сабота 6-ти мај, со почеток во 20.00 часот во големата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

Билетите по цена од 200 денари веќе се пуштени во продажба во музичката продавница Зи Зи Топ.