Проекција на рекламен спот на ОУ „Св.Климент Охридски“

Денес во просториите на ОУ „Св. Климент Охридски“ премиерно беше одржана проекција на новиот рекламен спот во рамките на кампањата на училиштето. Во него беа нагласени вредностите на ОУ „Св. Климент Охридски“ кое е единствено со тренд на зголемување на бројот на учениците што е доказ за континуирана напорна работа и целосна посветеност на учениците и родителите, училиште кое е единствено во градот оценето со највисоки оценки што е сон на секој наставник и вработен во училиштето, како и училиште кое е најбезбедно во градот, одделено од сообраќајниот метеж, а тоа го дозволува местоположбата да се наоѓа како оаза на Охридското Кале, со прекрасен поглед кон езерото.

Спотот го изработија наставниците Никица Мишева, Мери Крстеска и Димитрие Ристески, а во него учествуваат родители како и ученици при филмската секција, единствена во нашиот град.

Рекламниот спот може да биде прегледуван на следниов линк Иднината на вашето дете започнува со нас.