Бронзен медал за ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на Меѓу­народен гастрономски натпревар во Црна Гора

Ученичката Анастасија Чутрова од ОУТУ „Ванчо Питоше­ски“ освои Бронзен ме­дал на 11-от Меѓународен гастрономски натпревар на угостителските работници „Доживејте ги највкусните моменти“ во Будва, Црна Гора.

Како дел од тимот на Гастромак – Македо­нија кој освои златен, сребрен и бронзен медал, ученичката бронзе­ниот медал го освои во категоријата: готвење мени вклучувајќи предјадење, главно јадење и десерт.

Во тимот беше и Златко Танески исто така ученик од ОУТУ „Ванчо Питошески”. По Меѓународните га­строномски натревари годинава во Србија и Турција каде што Анастасија Чутрова заедно со Кристијан Китанов освоија грст сре­брени и бронзени медали ова е трет висок успех на учениците од туристичкото училиште „Ванчо Питошески“ на меѓународни гастрономски натпрев­ари.

Настапите на натпре­варите ќе продолжат и во иднина во сѐ со цел стекнување нови ве­штини и знаења за учениците.