Пријавување на штети на земјоделски насади од ниските температури во Општина Дебрца

Се повикуваат земјоделците од Општина Дебрца, на кои ниските температури кои ја зафатија Општината во изминатиов период, им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, истата да ја пријават во просториите на Општина Дебрца.

Пријавувањето на штетите може да се изврши од 08:30 до 16:30 часот, во најбрз можен рок, во архивата на Општина Дебрца.

Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост (имотен лист).