Кривична пријава за охриѓанец кој украл музички инструменти

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ј.(33) од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 23 јануари оваа година во вечерните саати од куќа на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид.

Тој, откако констатирал дека во куќата нема никој, со подесен алат и со примена на физичка сила, ја отворил влезната врата, влегол внатре и од дневната соба одзел еден саксофон марка „Селмер-Прелуде“ во црн куфер во кој имало и усник за „Алт“-саксофон марка „Јаганисава“ и еден кларинет Буфетерц“ во кафеав куфер.

На тој начин, пријавениот Н.Ј. се стекнал со против правна имотна корист од 150.000 денари.