Селекторот Гонзалес повика 19 ракометари за првиот собир на репрезентацијата

Селекторот на Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, го објави списокот на повикани ракометари за првиот собир од подготовките за квалификациските натпревари со селекцијата на Исланд, за пласман на ЕП Хрватска 2018.

Собирот е закажан за понеделник (1 мај 2017) со почеток од 09:30 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

Првиот од двата натпревари против Исланд, Македонија ќе го одигра на 4 мај 2017 со почеток од 20:00 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“. Втората средба ќе се игра во Рејкјавик на 7 мај 2017 со почеток од 19:45 часот.