Во вторник пристигнува првиот чартер лет со холандски туристи за оваа сезона

ТАВ Македонија на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, ќе го одбележи отворањето на летната сезона 2017 година, со првиот чартер лет со холандски туристи од Амстердам, со авиокомпанијата Корендон.

Настанот ќе се одржи во вторник, 2 мај, со почеток во 9.30 часот .

Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски,  Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.