Каратистите ќе учествуваат на Европско во Турција

Агенцијата за млади и спорт е повторно местото од каде Македонската карате репрезентација заминува на Европскиот шампионат во Коџа Ели, Турција, кое од 04-09 Мај ќе пречека преку 400 натпреварувачи од 44 земји.

На пресот организиран во просториите на АМС свое излагање имаа директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, селекторите Петар Белисројановски и Стојан Андриевски како и нашите најдобри каратисти Емил Павлов и Моника Стефановска.

„Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава финансиска поддршка за системот на натпревари, припремни периоди, како и меѓународни настапи на нашите карате репрезентативци. Само по првата распределба карате федерацијата на Македонија доби 2,3 милиони денари од кои 300 000 денари за настапот во Турција“, – истакна Спасески.

„Припремниот период во Сараево, како и контролните натпревари со Унгарија, БиХ и Црна Гора го потврди високото ниво на спремност на репрезентација, што ми дава за право да размислувам за медал на претстојното натпреварување“, – потенцираше селекторот во борби Белистојановски.

Андриевски ги претстави нашите претставници во кати поединечно од кои се очекува резултат, пред се од Поликсенија Јовановска, покрај која свој настап ќе има и Фери Исиќ.

„Очекувам повторување на резултатот од 2016, иако би сакал бронзата да може да ја заменам со злато“, – истакна Емил Павлов.

Македонската репрезентација брои 14 натпреварувачи во борби, меѓу кои покрај Емил Павлов свој настап ќе имаат Димитар Илиевски, Енес Смајлагиќ, Берат Јакупи, Жарко Арсовски, Мартин Несторовски, Виктор Крстевски, Петар Заборски, Сара Радическа, Јована Георгиева, Сара Крстевска, Моника Стефановски, Драгана Тодорова и Наташа Стефановска. Во кати ќе настапат Поликсенија Јовановска и Фери Исиќ.