СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Б. (39) од с.Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.
Во текот на 2017 година во Охрид пријавениот како инвеститор, без одобрение за градење, бесправно изградил приземен објект, градба од втора категорија за која што е потребно одобрение за градење. За истиот објект на 20.03.2017 година и на 29.03.2017година, од страна на овластен градежен инспектор при Одделение за инспекциски надзор при Општина Охрид извршен е инспекциски надзор при што истиот потврдил дека се работи за бесправно изграден објект, спротивно на Законот за градење.