Голем успех на ученици од ОУ „Живко Чинго“ на регионалните натпревари по Биологија и Хемија

На 22.04.2017 година во просториите на Гимназијата „7-ми-Март” во Тетово се одржа регионалниот натпревар по Хемија, каде ученичките Симона Кркачоска VIII одд и Викторија Темелковска VIII одд, под менторство на наставничката Маја Попоска ја освоија 3-та награда. Со тоа ученичките обезбедија учество на државен натпревар кој што ќе се одржи на 14-ти Мај на Институтот за Хемија при Природно-математичкиот факултет.

Исто така на 07.04.2017 година се одржа и регионалниот натпревар по Биологија во просториите на ОУ „Христо Узунов“ Охрид. На натпреварот ученичката Ангела Маркоска IX одд ја освои 1-та награда и обезбеди учество на државниот натпревар по Биологија кој ќе се одржи на 20-ти Мај во Природно-математичкиот факултет. На истиот натпревар беа освоени и следните награди:

2-ра награда Јонатан Милески IX одд и Јован Плевнароски IX одд, 3-та награда Емилија Трпеска IX одд, Ивана Коческа IX одд, Евгенија Пулеска VIII одд, Кристина Китрозоска VIII одд, Екатерина БочвароскаVIII одд , Симона КркачоскаVIII одд, Ангела Јовческа VIII одд, Инес Достиноска VII одд и Николина Каралиева VII одд., сите под менторство на наставничката Маја Попоска.

„Упатувам честитки до учениците за постигнатиот успех на натпреварите, им посакувам и понатамошни успеси на Државните натпревари по Биологија и Хемија. Секако упатувам честитки и до менторот“ – вели директорот на училиштето Ѓоко Чингоски.

WebOhrid