Кражба во куќа во Охрид

Вчера околу 17:00 часот во ПС ОН Охрид, Г.М. (31) од Охрид пријавил дека во периодот од 19:00 часот на 01.05.2017 година до 15:00 часот на 02.05.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот дом.

Сторителот влегол внатре и одзел поголема количина на златен накит и околу 9. 000 евра. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.