Кривична пријава за лица од Радолишта поради оштетување туѓи предмети

ПС Струга поднесе кривична пријава против Џ.Д. (69) и Л.М. (40), двајцата од село Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“.

На 12.12.2016 година во с.Радолишта пријавените вршеле ископ со механизација поради тампонирање на постојниот локален пат од село Радолишта до магистралниот пат Струга-Ќафасан. Притоа, со ископот неовластено било опфатено и местото северно од „Ранохристијанска базилика“, односно неистражен дел, кој претставува споменик на културата и за кого надлежен бил Завод и музеј Охрид.