Македонија останува на 133 место на ФИФА рејтинг листата

Нема промени за Македонија на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа Македонија останува на 133 место.

Нема промени и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде останува водечката тројка Бразил, Аргентина и Германија.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Мадагаскар од +9 места се искачи на 111 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Малави од -14 места и се најде на 114 место.

WebOhrid