Одржан натпревар во шах и пинг-понг во рамки на училишната спортска лига

Денес во ОУ „Христо Узунов“ во рамките на училишната спортска лига се одржа натпревар во шах и пинг-понг.

Покрај редовните натпревари се официјализира соработката со Здружението за лица со оштетен вид и ученици со посебни потреби кои учат во ОУ „Св.Климент Охридски“ и сите беа вклучени во денешните натпревари. Во наредниот период оваа соработка ќе се продлабочи и ќе се имплементираат и нивните програми во календарот за натпревари во Сојузот за училишен спорт Охрид.

Резултати од натпреварите во пинг-понг:

Во женска конкуренција:

1. Наталиа Наумоска ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани
2. Кристина Китрозоска ОУ„Живко Чинго“ – Велгошти
3. Кристина Маркоска ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти
4. Габриела Модева ОУ „Св.Климент Охридски“

Во машка конкуренција:

1. Христијан Цветкоски ОУ „Христо Узунов“
2. Кирил Наранџоски ОУ „Братство Единство“
3. Петар Бошалески ОУ „Христо Узунов“
4. Александар Јакимоски ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти