19-то Изборно собрание на OO на СБ Охрид и Дебрца

Денес, Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца го одржа 19-то Изборно собрание.

Во работна и свечена атмосфера направен е осврт на успешната работа на Организацијата за изминатиот мандатен период. Во овој период Организацијата ги промовираше суштинските принципи во негувањето на слободарските традиции; во ревитализацијата на СБМ; во изнаоѓање и на други форми на дејствување.

Собранието ги избра работните тела на Организацијата – нов Општински одбор, Надзорен одбор и претседателство на Општинскиот одбор.

Со едногласна одлука новоизбраниот Општински одбор на својата прва конститутивна седница ги избра: за претседател на ОО на СБ за Охрид и Дебрца Гоце Георгиески, за потпретседател Никола Стефаноски и секретар Снежана Лазароска, информираат од Сојузот на борци.