Успеси на ученички од ОУ „Григор Прличев“ на Регионалниот натпревар по хемија

На 22.4.2017 год. во просториите на гимназијата „7 –ми Март“ во Тетово се одржа Регионалниот натпревар по хемија каде ученичките од ОУ „Григор Прличев“ Охрид ги освоија следните награди:

– Сара Коваческа VIII одд III награда
– Сара Мандовска IX одд III награда
– Ана Попоска IX одд пофалница, под менторство на наставничката Милица Петковска.

Со тоа ученичките обезбедија пласман на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 14.5.2017 на Природно математичкиот факултет во Скопје.