Обуки за граѓанскиот активизам преку медиумска писменост во Охрид

Здружението за развој на претприемништвото и туризмот – Концепт плус од Скопје во рамките на проектот “Јакнење на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост” на 12 и 13ти мај ќе организира обуки за медиумска писменост и граѓански активизам во Охрид. Целта на обуката е да ја зголеми свеста за активно граѓанско учество и поттикнување граѓански активизам за решавање на локални предизвици преку медиумско описменување.

Основна цел на проектот е поттикнување на граѓански активизам во помалите средини во Македонија преку медиумска писменост т.е. запознавање на јавноста со тоа што се медиуми, како се креира вест, како да се препознае разликата помеѓу реклама, вест и манипулација, како и да се препознае политичка или друг вид на пропаганда, и директна граѓанска активност во решавање на предизвиците во тие средини преку активност. Истовремено преку проектот ќе се развијат локални акции и план во секој град поединечно за нивно реализирање за тековен проблем или предизвик кој е од интерес на локалната заедница.

Обуките ќе се одржат во просториите на Агенција за вработување.

За сите прашања и дополнителни информации може да не контактирате на бројот 071-386-091/

Пријавувањето се врши на мејлот: contact@concept.mk

На учесниците кои ќе се пријават ќе им бидат испратени агендата и дополнителни информации околу местото на одржување на обуките.